ЛИБЕРАЛНО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА

ЛИБЕРАЛНО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА – политичка партија на центарот, формирана на 19. Ⅳ 1997 г., со спојување на Либералната и на Демократската партија. На парламентарните избори одржани во 1998 г. освојува четири пратенички мандати, во четвртиот парламентарен состав (2002-2006) има девет, а во петтиот (2006-2010) пет пратеници. ЛДП беше дел од владата на широката коалиција (2001-2002) и коалиционен партнер во владата формирана од СДСМ (2002-2006). Таа е членка на Либералната интернационала и придружна членка на Европската партија на либералите. Претседатели на ЛДП: Петар Гошев (до април 1999), а потоа Ристо Пенов и Јо-ван Манасиевски.ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990–2002, Скопје, 2005; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политичке партије кроз призму идеологије, Београд, 2007. Ѓор. И. Природна ливада