ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА . политичка партија на центарот, формирана во 1991 г., со спојување на Сојузот на реформските сили на Македонија и Младата демократска прогресивна странка. Дел е од владата на СДСМ (1992-1996), како и од владата на ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002 и од 2006-2008 г.). Членка е на Европската либерално-демократска и реформска партија. Претседател е Стојан Андов. ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990–2002, Едитионс Сигма; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политичке партије кроз призму идеологије, Фреидрицх Еберт Стифтунг, Београд, 2007. Ѓор. И. Амблемот на Либерално-демократската партија