ЛЕТНИК

ЛЕТНИК .- календарски обичај во спомен на светата преподобна маченица Евдокија (1/14. Ⅲ). Кај народот е познат како Летник зашто тогаш започнува новото лето. Природата што преку зимата била огрдена, започнува да се разбудува и да се разубавува. Низ цела Македонија на овој ден се изведуваат обичаи што врз магиски принципи треба да обезбедат заштита од разни штетници (од змии, болви, вошки, од шумски ѕверови и сл.), но и да им обезбедат здравје на луѓето во претстојната работна сезона. Вечерта спроти празникот се бере кукурек и други билки и се запотнува за заштита на објектите од разни несреќи. На празникот се прават мартинки што ги носат децата, но и возрасните, како магиска заштита од разни несреќи. ЛИТ.: Наум Целакоски, Дебарца, Скопје, 1984, 144; Зборник на Панајот Ѓиноски, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Скопје, 1995, 50. М. Кит. „Л’еффор”, факсимил (15. Ⅲ 1990)