ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА -. професионално здружение на лекарите од Македонија. Ги заштитува и ги унапредува стручноста, етичките должности и правата на лекарите и се грижи за угледот на лекарската професија. Има јавни овластувања: води регистар на лекарите и издава, продолжува, обновува и одзема лиценци за работа. Формирана е на 15. Ⅻ 1929 г. како Здружение на лекарите. Комората е возобновена (заедно со МЛД) во Скопје на 5. Ⅵ 1992 г., кога е усвоен и Статутот. Прв претседател по возобновувањето е проф. д-р А. Дума. Д. С.-Б.