ЛЕВИ, Салватор Ардинов (Битола, 28. Ⅴ 1919 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – радиолог, вонреден проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина запишал во Софија, а дипломирал во Белград (1947). Специјализирал во Загреб (1953). Организирал и опремил РДГ-одделенија во Битола и Прилеп. Од 1955 е асистент во РДГ-институт, а потоа доцент. Супспецијализира дијагностика на ГИТ во Париз. Објавил над 50 труда. Сл. М. П. Славко Леви ЛЕВИ, Славко (Копривница, Хрватска, 7. Ⅷ 1904 – Загреб, 1. Ⅲ 1996) – архитект. Дипломирал на Високата техничка школа на Архитектонскиот оддел во Дрезден, Германија (1930). Претставник на модерната архитектура во триесеттите години во Хрватска. Работел во проектантската организација „Проектант” во Скопје (1949–1953), кога реализирал неколку значајни објекти: Домот на инвалидите во Скопје (1953), Административниот центар на Гарнизонската управа во Скопје (1953), како и хотелот „Скопје” во Скопје (1955–1964). Кр. Т. ЛЕВКОВ/ЛЕВКАТА, Рампо