ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович (С.-Петербург, Русија, 26. Ⅵ/8. Ⅶ 1833 – Петроград, 19. XI/2. Ⅻ 1914) – унив. проф. и академик, руски славист – филолог, историчар, етнограф и општественик. Го завршил Историскофилолошкиот факултет на Петербуршкиот универзитет (1850– 1854) и работел во Публичната библиотека и во Архивот на Министерството за надвор. работи. По магистрирањето (1860) патувал по словенските земји, како и во Италија, Грција и Турција и воспоставил врски со словенски и други дејци, но работел и во познатите архиви и библиотеки, про-учувајќи ги изворите за делото на Кирила и Методија. Доцент на Петербуршкиот универзитет (1865), доктор по словенска филологија (1871) и редовен професор (1890) и шеф на Катедрата за руски и црковнословенски јазик и историја на руската литература. Предава и на Академијата на Генералниот штаб, како и во Духовната академија, каде што студираше и Д. Д. Чуповски. Редовен член на РАН (1900). Претседател на Етнографското одделение на Руското географско друштво (1865–1871 и 1887–1910) и ментор на П. Д. Драганов за истражувањето на Македонија и за печатење на македонистичките истражувања во сп. „Изв‹стия СПБСБО” што тој го уредува (1887–1888), а го објавува и неговиот „Славянско-Македонский Сборникъ” (1894). Исто така му овозможи на К. П. Мисирков да биде запишан на Универзитетот (1897), а по три месеци и да го прочита првиот истражувачки труд во ЕО на ИРГД и да биде објавен во неговиот орган „Живая старина” (1898). БИБ.: П. Д. Драгановъ, Библиография учено-литературнÎхъ трудовъ В. И. Ламанскаго и материаловъ для его биографии, во зб.: НовÎй сборникъ статей по славянов‹д‹ния, СПб., 1905. ЛИТ.: К. Л. Струкова, Из Ìпистолярного наследия П. Д. Драганова, „Советское славяноведение”, № 4, Москва, 1970, 42-47; Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 385-394; истиот, Македонистот Петар Драганов 1857-1926. По повод 150годишнината од неговото доаѓање, Скопје, 2007. Бл. Р.