ЛАЗЕСКИ, Борко (Прилеп, 22. Ⅹ 1917 – Скопје, 16. Ⅵ 1993) – сликар и педагог, со пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност. Учествувал во НОБ. По дипломирањето на Државната ликовна академија во Софија (1943), специјализирал фреско, мозаик и витраж во Париз. Учествувал во формирањето на ДЛУМ, Уметничката галерија и УПУ во Скопје. Предакоритото кај селото Лазарополе е Б. Лазески: Фрагмент од фреската „НОБ” (1951/56) Борко Лазески вал на Педагошката академија во Скопје и на АЛУ во Багдад. Меѓу првите го применува апстрактниот израз (1948), но работи и импресионистички, апстрактни и асоцијативни композиции. Најголемо значење имаат неговите модернистички фрески, пред сћ Фреската за НОВ на некогашната Скопска железничка станица (1956), која извршила големо влијание врз уметниците од педесеттите. Фреско-ракописот на Б. Л. е стегнат и стилизиран кубизам со топол колорит и е во релација со византиската естетика и со мексиканските муралисти. Познати се и неговите монументални витражи во Стопанската банка, Комплексот банки во Скопје, Споменикот на Илинден и НОВ во Крушево (1974). ЛИТ.: Соња Абаџиева Димитрова, Борко Лазески, Скопје, 1979; Лазо Плавевски, Борко Лазески – Фреската за НОВ (каталог), Скопје, 1993. С. Аб.-Д.