ЛАЗАРЕВСКИ, Слободан Крумев (с. Орланци, Кичево, 1. IX 1939) – спец. по максилофацијална хирургија и проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирал во 1980 г. Бил продекан на Ст. ф. и директор на Клиниката за максилофацијална хирургија. Автор е на 50 научно-стручни трудови. Коавтор на „Тумори во максилофацијалната Слободан Лазаревски регија” и „Амбулантски стоматохируршки интервенции”. Е. М. ЛАЗАРИСТИ во Македонија – членови на Лазаристичката мисија, основана од Католичката црква во Истанбул во 1776 г. со цел да се пропагира католичката вера меѓу православното население на Отоманската Империја. Лазаристите ја ширеле и идејата за унија со католичката црква. Во Македонија основале мисии во Солун (1854) и во Битола (1856). Во Битола била изградена католичка црква и бил основан црковен хор. Лазаристичкото училиште на француски јазик, субвенционирано од француската влада, стекнало особено голема популарност. ЛИТ.: Славко Димевски, Католичката пропаганда и унијатското движење во Македонија (од средината на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни), Одбранета докторска дисертација на Филозофскиот факултет, Скопје, 1961. М. Таш.