ЛАЗАРЕВИЌ, Марија (Скопје, 1935) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1959), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1974), каде што работи од 1960 г. (доцент од 1972, редовен професор од 1982 г.). Декан на Факултетот. Пензионирана во 1999 г. Подрачја: орган-ска хемија, синтеза и карактеризирање на органски соединенија. Автор е на научни трудови и на научноистражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ”, бр. 509, 13. Ⅰ 1989 г., 68; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, Скопје, 2000 г., 110. Св. Х. Ј. Благородна Лазаревска