КУРИПЕШИќ, Бенедикт (Бенедикт Цурипесцхитз) (Горњи Град, ⅩⅤⅠ в.) – словенечки патописец. Ги познавал латинскиот и германскиот јазик и бил страстен изучувач на историјата. Како познавач на политичките и верските односи во Османлиската Империја и како „латински преведувач”, бил вклучен во 30-членото австриско пратеништво што го упатил Фердинанд Ⅰ кај султанот Сулејман во Цариград за склучување примирје, предводено од кралевиот советник Хрватот Микола Јуришиќ и кралскиот намесник на Краина грофот Јозеф фон Ламберт. Во Виена (1531) објавил патопис за неговото минување во северниот дел на Македонија (1530-1531). Од тоа издание имало зачувани примероци по еден во Музејската библиотека во Сараево и во Универзитетската билиотека во Љубљана, а два примерока во Народната билоиотека во Белград, но се изгубени. Сега е зачуван само ракописен препис. БИБ.: Превод на српски јазик Чедомил Мијатовић, „Видовдан”, бр. 77–88, Београд, 1863; Превод на бугарски јазик во „Периодическо списание на Б„лгарското книжовно дружество”. кн. 4, Софи®, 1883; Итинерариум Његраусс Кüн. Маѕ. потсцхаффт ген Цонстантинопел зу дем Туркисцхен Кеисер Солеѕман Анно ЏЏЏ. Издадено од Е. Ламберг-Сцхњарзенберг, Иннсруцк, 1910; Путопис кроз Босну, Србију, Бугарску и Румелију 1530. Пријевод Ѓ. Пејановиќ, Сарајево, 1950. ЛИТ.: Р. Матковиќ, Путованја по Балканском полуотоку ⅩⅤⅠ века, „Рад” ЈА, Загреб, 1881, 56. С. Мл.