КУНОВСКИ, Спасе

КУНОВСКИ, Спасе (Дебар, 24. IX 1929 – Скопје, 1. Ⅷ 1978) – сликар, најзначаен претставник на надреализмот и метафизичкото сликарство. Бил член на групата Мугри. Дипломирал на АЛУ во Загреб (1953). Обликувал загадочни урбани пејзажи со фантастични фигури во сиво-сина гама (Логор, 1960; Визија, 1961; Мина-то, 1966; Манекен, 1967). Го изработил зграфитото Братство и единство во Дебар (1969). С. Аб.-Д.