КУНОВО – ЧУКИ . (с. Оризари кај Кочани) – археолошки локалитет на чија блага јужна падина што се спушта кон реката Брегалница постоеле дури 5 тумби од кои 3 се документирани. Тие се Куново – Чуки, с. Оризари – Могила Ⅲ од железното и римското време комплексни погребни могили со сложена структура, во кои повеќепатно, во разни периоди, е вршено погребување. Могила Ⅲ е единствената целосно археолошки истражена. Неа ја сочинувала помала железнодопска гробница оградена со каменен прстен, дополнително насипана во римскиот период. Во неа биле вкопани 20 гробови. Меѓу погребувањата од ⅩⅩ в., вкопани во римскиот насип, при истражувањата е откриен еден централен средновековен гроб. Наодите поврзани со него (пар бронзени позлатени мамузи, бронзен прстен и керамичко грне) го откриваат идентитетот на покојникот (веројатно витез), учесник во Ⅲ крстоносен поход (ок. 1189), единствен наод од овој вид во Македонија. ЛИТ.: Љ. Џидрова, Гробот на крстоносецот од Куново-Чуки, „Зборник на Музеј на Македонија – Археологија”, 2, Скопје, 2006, 259–289. Љ. Ⅹ.