КУЛЕВАНОВА, Светлана Зарева

КУЛЕВАНОВА, Светлана Зарева (Сараево, БиХ, 10. Ⅶ 1960) – фармацевт, редовен проф. и декан на Фарм. ф. во Скопје и раководител на Институтот по фармакогнозија. Автор на книга по фармакогнозија и автор на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник”, како и на бројни научно-стручни трудови и соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Раководител и учесник на неколку научноистражувачки и стручни проекти. Л. П.-Т.