КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА (1919) – основана во Софија на 1 јуни 1919 г. од бившите раководители на Крушевската револуционерна околија и голема група автономисти емигранти и бегалци од Крушево и Крушевско, со одделување од Крушевското добротворно братство. Групата се определила за борба за идеалот на Илинден и автономија на Македонија. Раководството го сочинувале: Никола Ки-ров–Мајски, Тома Д. Крчов и Г. И. Атанасов. На 1 и 8 јуни 1919 г. објавила резолуции за пристапување кон Привременото претставништво на бившата ВМРО. По престанувањето на дејноста на Привременото претставништво Групата ја продолжила активноста меѓу македонската емиграција (МЕФО, Илинденската организација). ЛИТ.: М-р Надежда Цветковска, Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 г., Скопје, 1990. Н. Цв. КРУШЕВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА –