КРПАН, Владимир (Зелина, 11. Ⅰ 1938) – пијанист. Еден од најзначајните европски и светски пијанисти на својата генерација. Студиите ги завршува во класата на проф. С. Станчиќ, на Музичката академија во Загреб. Се усовршува кај прочуениот италијански пијанист А. Б. Микеланџели. Со педагошка дејност започнува (1968) на Високата музичка школа (подоцна – Факултет за музичка уметност) во Скопје, а потоа (од 1971 г.) е професор на Музичката академија во Загреб. Од неговата класа излегуваат многу истакнати македонски пијанисти и педагози (Ј. Чакар, Д. Апостолов, Т. Светиев, Н. Среброва, Е. Елезовиќ-Трпкова, К. Костадинова-Гелебешева и др.). Б. Орт. Владимир Крпач