КОШТАНОВ, Димитар

КОШТАНОВ, Димитар (Горна Џумаја, 18. Ⅲ 1879 – мостот на р. Струма, до с. Покровник, Горноџумајско, 21. Ⅴ 1915) – револуционер, војвода, гемиџија. Ја завршил Егзархиската гимназија во Солун. Бил припадник на ТМОРО, а подоцна станал член на групата на гемиџиите. Учествувал во прокопувањето на подземниот тунел на Отоманската банка во Солун. Станал војвода во Смоленско (1902). Бил еден од основачите на Народната федеративна партија во Горна Џумаја. ЛИТ.: П. Манджуков, Предвестници на бурата, Софи®, 1993. Ал. Тр.