КОЦО, Димче (Охрид, 10. Ⅹ 1910 – Скопје, 17. Ⅲ 1993) – прв македонски историчар на уметноста, академик, декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Студирал на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. По дипломирањето, пред Втората светска војна предавал во средни училишта во повеќе градови. Како наставник на Филозофскиот факултет во Скопје од неговото формирање (1946), ја Димче Коцо основал Групата за историја на уметноста, каде што работел до своето пензионирање. Се занимавал со проучување на средновековната уметност на Македонија, пред с” на живописот, а реализирал и значајни археолошки истражувања. Во науката се здобил со трајно место со ископувањата на Климентовата црква „Св. Пантелејмон“ во Охрид, врз основа на резултатите објавени во 1948 г. Исто така, вршел ископувања и во манастирот „Св. Наум Охридски“ и на црквата „Св. Петнаесет струмички маченици“ во Струмица. Во доменот на фрескоживописот се особено значајни неговите резултати од истражувањата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир (Мариово), „Св. Никола Топлички“ (Демир Хисар), како и на други споменици од средновековниот и од доцносредновековниот период во Македонија. Во науката се прифатени неговите проучувања на триконхалните цркви, потоа за реконструкцијата на црквата „Св. Софија“ во Охрид (особено за постоењето на купола во постарата градба), за датирањето на црквата „Св. Богородица Челница“ во Охрид и др. Во 1969 г. е избран за член на МАНУ. Бил член на Деутсцхес Арцхаологисцхес Институт (Ромисцх-германисцхе Комиссион) во Франкфурт на Мајна и доцтор хонорис цауса на Универзитетот во Безансон. Димче Кочо: Три глави, таписерија (1978) БИБ.: Климентовиот манастир „Св. Пантелејмон“ и раскопката при „Имарет“ во Охрид, ГЗФФ, 1, Скопје, 1948, 129–180; Црквата Св. Софија во Охрид, ГЗФФ, 2, Скопје, 1949, 341–358; Неколку нови податоци за средновековните споменици во Македонија, „Гласник на Музејско-конзерваторското друштво на Македонија“, И/2, Скопје, 1954, 7–22; Ноувеллес цонсидератионс сур л’еглисе де Саинте-Сопхие à Охрид, Арцхаеологиа Иугославица, Ⅱ, Београд, 1956, 139–144; Д. Коцо, П. Миљковиќ-Пепек, Манастир, Скопје, 1958; Триконхалните цркви во Климентовото време, Словенска писменост – 1050-годишнина на Климент Охридски, Охрид, 1966, 91–100; Нови податоци за историјата на Климентовиот манастир Св. Пантелејмон во Охрид, ГЗФФ, 19, Скопје, 1967, 245–255; Прилог кон проучувањата на Брегалничката епископија, Зборник Светозара Радојчића, Београд, 1969, 155–160; Богородица Челница, Зборник –. Бошковић, „Старинар“, ⅩⅩ, Београд, 1970, 171–179; Д. Коцо, П. Миљковиќ-Пепек, Б. Алексова, Првите резултати од археолошките ископувања на локалитетот Св. 15 маченици во Струмица – 1972 год., „Ликовна уметност“, 1, Скопје, 1973, 43–44. ЛИТ.: К. Петров, По повод 60-годишнината на професорот Димче Коцо, Зборник посветен на Димче Коцо, Скопје, 1975, 11–16. Цв. Гр. Кочани