КОСОВСКИ ВИЛАЕТ

КОСОВСКИ ВИЛАЕТ (1877– 1912 г.) – посебна административно-територијална единица во рамвите години влегуваат санџаците: Приштина, Скопје, Призрен, Но-ви Пазар и Дебар. Повремено станувале промени во однос на санџаците, така што кон крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. тој бил составен од следниве санџаци: Скопје, Приштина, Сјеница, Пеќ, Ташлиџа (Приеполје) и Призрен. Поголем дел од Североисточна Македонија со казите: Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Велес, Кочани, Штип, Радовиш, Пехчево, со повремени промени, биле дел од вилаетот. Во септември 1888 г. седиштето на вилаетот од Приштина било преселено во Скопје и вилаетот станал познат како Скопски вилает. Постоел до крајот на османлиското владеење на Балканот (1912). ЛИТ.: Салнаме-и вилаѕети Косово, икинци дефа, Х. 1300 (1882/1883); Ислам Ансиклопедиси, 65 цњз, Истанбул, 1954; Дие Провинзен дес Османисцхен Реицхес вон Андреас Биркен, Њиесбаден, 1976. Др. Ѓ.