КОНДОВСКИ, Насе

КОНДОВСКИ, Насе (с. Изглибе, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 23. IX 1946) – унив. професор, гимнастичар. Завршил Факултет за физичка култура во Сараево (1979). Магистрирал (1984) и докторирал (1988) на Факултетот за физичка култура во Загреб. Во спортската гимнастика е апсолутен првак на Македонија (1964–1970). На Првенството на Југославија во Лесковац (1966) освоил прво место. Бил кандидат за настап на олимписките игри во Мексико (1968). Бил член и на Боречкиот клуб „шар” во Тетово. На првенството на Југославија во борење слободен стил во Тетово (1961) освоил прво место. Д. С. Смилја Конеска