КОМИТЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ГРЧКАТА ЦРКВА И ОБРАЗОВАНИЕТО

КОМИТЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ГРЧКАТА ЦРКВА И ОБРАЗОВАНИЕТО (Атина, 1886) – продолжувач на пропагандната дејност на укинатиот Силогос за ширење на грчката писменост. Комитетот бил под директна надлежност на Министерството за надворешни работи на Грција. Неговата дејност за ширење грчка просвета и пропаганда во Македонија ја финансирала Владата преку конзулатите. ЛИТ.: Ελενη Μπελια, Η εκπαιδευση και αλυτρωτικη πολιτικη. Η περιπτοση της Θρακης 1856−1912, Θεσσαλονικη, 1995. Д. Јов.