КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ

КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ (Дабница, Прилепско) – античко планинско светилиште. 350 м западно под доминантниот Златоврв (1.422 м) на долгото планинско плато Трескавец. Се наоѓа 4 км северно од Варош, 600 м над полето. На натписот посветен на Аполон Етеуданос (Громобиец) и на Артемида местото е именувано како Колобаиса. Остатоците од нивниот храм се секундарно вѕидани во средновековната црква „Св. Богородица”. Во доцната антика на истото место била подигната ранохристијанска црква, чиишто камени олтарни плутеи се исто така вѕидани во црквата. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 89–90. В. Л.