КОЛАРОВСКИ, Гоце

КОЛАРОВСКИ, Гоце (Скопје, 5. Ⅰ 1959 – Скопје, 30. XI 2006) – композитор, диригент, педагог, научник, општествен деец. Во своето творештво (оркестарско, камерно, солистичко) ја спојува македонската музичка традиција (фолклор, духовна музика) со современите композиторски техники. Ав-тор на музиколошки студии по прашањата на современата музика и музичкото образование. Редовен професор (1999– 2005 – декан) на ФМУ-Скопје, гостин-професор на Универзитетот во Ниш. Создавач е на една од најмногубројните класи по композиција во историјата на ФМУ. Во Охрид основач е на меѓународната летна школа Техники на компонирање во музиката на ⅩⅩ в. Член е на Претседателството на СОКОМ, претседател на Управниот одбор на ЗАМП. В. К.-Г. Благоја Колев