КОЊИЧКИ ТРКИ ВО СКОПЈЕ

КОЊИЧКИ ТРКИ ВО СКОПЈЕ. Првпат се одржале во Скопје (1902). Во првата трка победил Хаџи Мехмед Черкез од Косово на дорат висок 141 см. Втор пристигнал Јусуф Исак Черкез од Косово на коњ зеленко висок 146 см. Во втората трка прв бил ша-бан од селото Добрево од Косово на дорат висок 131 см, а втор Хусеин од Смирна на коњ зеленко висок 151 см. Во третата трка прв пристигнал шабан, победникот од втората трка. Д. С.