КИЧЕВСКИ, Димче

КИЧЕВСКИ, Димче (Крешево, БиХ, 1. Ⅻ 1950) – каратист. Завршил гимназија во Скопје (1969). Бил член на Карате клубот „Вардар” во Скопје. Првак на Македонија 21 пат. Двократен првак на Југославија (1973 и 1982). Настапил за Репрезентацијата на Југославија 52 пати. На Балканското првенство во Скопје (1980) освоил златен, а на Европското во Брегенц, (Австрија, 1980) бронзен медал. Тој е карате судија, селектор и спортски работник. Д. С.