КИТЕВСКИ, Марко (с. Слатински Чифлик, Охридско, 13. Ⅳ 1950) – истражувач на македонскиот фолклор, научен советник во Институтот за македонска литература. Ја завршил гимназијата во Струга (1969), а потоа дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (Југословенски книжевности). На истиот факултет магистрирал на темата „Фолклорните елементи во делата на Стале Попов” (1980) и докторирал на темата „Клетвите во македонското народно творештво” Марко Китевски (1990). Првин работел во Радио Скопје, а од октомври 1983 г. во Институтот за македонска литература, каде што бил избран во звањата виш научен соработник (1990) и научен советник (1996). Бил заменик-раководител и раководител на Институтот за македонска литература, извршен уредник на списанието „Спектар”, раководител и соработник на повеќе научноистражувачки проекти во Институтот и учествувал на голем број домашни и меѓународни научни собири. Автор е на повеќе монографии, зборници и избори од народното творештво. БИБ.: Си бил еден цар, Скопје, 1979; Водичарски обичаи, верувања и песни од Дебарца, Скопје, 1982; Златна чаша, Скопје 1983; Македонски народни приказни од Демир Хисар, Битола, 1987; Фолклорни бисери, Скопје, 1988; Стале Попов, живот и дело, Скопје, 1988; Прилози за македонскиот фолклор, Скопје, 1989; На клетва лек нема, Скопје, 1991; Митолошки приказни, Скопје, 1994; Македонски христијански празници, Скопје, 1996; Истражувања на македонскиот фолклор, Скопје, 1996; Македонски народни празници и обичаи, Скопје, 1997; Еленица плетеница, Скопје, 1997; Македонски народни клетви, Скопје, 1997; Македонска народна лирика, И и Ⅱ, Скопје, 1997 и 2000; Народниот уметник Васка Илиева, Скопје, 2000; Македонски празници, Скопје, 2001; Фолклорот огледало на народниот живот, Скопје, 2002; Студии за македонскиот фолклор, Скопје, 2002; Јунак падна бајракот не падна. (Антологија на македонски револуционерни народни песни), Скопје, 2003; Македонски борбени народни песни, Скопје, 2004; Македонски народни умотворби, Скопје, 2006. Приредени изданија: Стале Попов, Одбрани дела (И-В), Скопје, 1987; Кузман шапкарев, Одбрани страници, Скопје, 1989; Стале Попов, Раскази, Скопје, 1989; Антон П. Стоилов, Македонски народни песни, Скопје, 1990; Кузман Капидан во споменот на народот, Скопје, 1990; Николина Спасе, Македонски народни песни (двојазично издание на македонски и на албански јазик), Скопје, 1995 (со коавтор); Миладиновци, БÏлгарски народни песни, Скопје, 2000 (фототипно издание); Искра Николовска, Студии за македонскиот фолклор, Скопје, 2000; Антон П. Стоилов, Македонски народни умотворби, Скопје, 2000; Спиро Иванов, Приказни од село Црско, Скопје, 2001; Македонска народна лирика, Скопје, 2002; Црноока девојко. (Македонски народни умотворби), Скопје, 2006. С. Мл.