КИНОВИТИ

КИНОВИТИ .- монаси што живеат во манастирско братство. Првото монаштво на словенските простори било киновитско (општежително). Во Ⅹ в., охридскопреспанскиот регион станал вистински киновитски центар. Манастирските братства функционирале врз православнорелигиски претпоставки, со организација и дисциплина во вид на миниопштество. Монасите од овие братства се носители и фактори на духовниот и на интелектуалниот живот во манастирите во средновековна Македонија. За основач на македонското киновитско монаштво се смета св. Наум Охридски. В. Г.-П. Киното „Вардар“ во Скопје (1912)