КЕФАЛОН

КЕФАЛОН – патна станица од римско време, забележана на Појтингеровата карта (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на делницата од римскиот пат помеѓу Скупи и Стоби, на одалеченост од Ⅷ римски милји од Стоби. Се лоцира на локалитетот Главје, помеѓу селата Градско, Виничани и Водоврати. ЛИТ.: Т. Томоски, Прилог за реконструкцијата на Табула Пеутингериана на делницата Сцупи–Стоби, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. К. Аџ. КЕЦКАРОВ, Антон Ефтимов