КЕПЕСКИ, Круме

КЕПЕСКИ, Круме (Прилеп, 8. Ⅳ 1909 – Скопје, 3. XI 1988) – филолог – македонист, унив. профессор, учебникар, преведувач, фолклорист. Основното и дел од средното образование го завршил во Прилеп, а матурирал во Битола (1931). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1935). Работел како професор по српски јазик и книжевност (1937) и како професор по словенска филологија во Гимназијата во Прилеп, а подоцна бил преместен во Машката гимназија во Плевен како Танге Кензо Круме Кепески: Македонска граматика (1946) професор по словенска филологија (1942). По Втората светска војна работел како професор по македонски јазик. Под менторство на проф. Белиќ го изработил дијалектолошкиот труд „Прилепскиот говор” (1941). Автор е на повеќе стручни јазични прилози, меѓу кои и на првата „Македонска граматика” (1946), наменета за учениците од средното образование. ЛИТ.: Петар Бачанов, Книга за Круме Кепески, По повод 90 години од раѓањето (1909–1999), Скопје, 1999. Г. Цв.