КЕНЗО, Танге (Имабари, Јапонија, 1913 – Токио, 2005) – архитект, урбанист, професор на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Токио, член на МАНУ надвор од работниот состав (1981). Неговата творечка дејност опфаќа широки архитектонскоурбанистички подрачја од идејни, главни и детални урбанистички планови на градови и на населби, до разновидни архитектонски објекти. Неговите остварувања се одликуваат со прогресивни и хумани идеи инспирирани од јапонската традиција. Претседател на Јапонско-македонското друштво за пријателство и соработка. Позначајни остварувања: Мировниот центар во Хирошима (1949), Галерија во Кобе (1950); Планот „Токио – 1960”; Олимпискиот центар во Токио (1964); Урбанистичкиот план „Експо 79” (1966–1970) и др. Посебен придонес дал во обновата на Скопје по земјотресот (1963). Урбанистичко решение на централното подрачје на Скопје (1965), Транспортниот центар. Кр. Т.