КЕМЕНЕ

КЕМЕНЕ .- жичен гудачки народен музички инструмент со крушковидна форма. Се изработува од едно парче јаворово дрво, издлабено на поширокиот дел, а потоа покриено со тенка штичка од смрека. Гудалото е рачно изработено во блага полукружна форма. Има три жици, а мелодијата се изведува на првата, многу ретко се зафаќа третата, а средната константно бордунира празна, поради што спаѓа во бор-Свирач на кемене дунската група музички инструменти. Свирачот го држи пред себе во вертикална положба, најчесто во седечка позиција, потпрено на скутот. Уникатен е по тоа што тоновите се произведуваат преку допирање на жицата со ноктите, а не со меснатиот дел од врвот на прстите, како што е вообичаено кај свирењето на виолината и другите гудачки инструменти. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 51. Ѓ. М. Ѓ.