КАТЛАНОВО СКОПЈЕ

КАТЛАНОВО СКОПЈЕ . наоѓалиште на јаглен, на околу 25 км југоисточно од Скопје, во непосредна близина на с. Катланово. Од геолошки аспект, врз палеорелјефот на наоѓалиштето, трансгресивно и дискордантно лежи палеогениот седиментен комплекс. Плиоценскиот комплекс, кој лежи трансгресивно врз палеогенот, својот развој го индицира преку две суперпозициони фации: долна, глиновито-лапоровитопродуктивна, и горна чакалестопесоклива фација. Според квалитативните параметри, може да се констатира дека станува збор за јаглен од лигнитски тип. Вкупните геолошки резерви на јаглен, пресметани за горниот продуктивен хоризонт во наоѓалиштето изнесуваат околу 18,5 х 106 тони. ЛИТ.: Б. Андреевски, Јаглени: Генетски и квалитативни карактеристики, наоѓалишта на јаглен и заштита на животната средина, РГФ, Штип, 1995; П. Лазаров, и Т. Серафимовски, Наоѓалишта и појави на енергетски суровини во Република Македонија, Посебно издание бр. 6, РГФ, Штип, 1997. Т. Сер.