КАТАЛИНИЌ, Марин

КАТАЛИНИЌ, Марин (Трогир, Хрватска, 20. Ⅷ 1887 – Скопје, 2. Ⅻ 1959) – физичар, ред. проф. (1945) во Загреб. Студирал математика и физика во Загреб и дипломирал (1913) во Виена. Работел како гимназиски професор, а потоа на Универзитетот во Загреб. Докторирал (1928) во Белград со тема за стојни бранови на циркуларно и елиптички поларизирана светлина. Раководел со Институтот за физика на ПМФ во првата деценија од неговото постоење, ги предавал основните предмети и ја оформил збирката со демонстрациони експерименти. Објавил 40 статии во странство и кај нас во врска со појавите на електролизата, капиларните бранови, расејувањето на светлината, детектирањето на честички со фотоемулзии и др. Тој е автор на првата статија од физика печатена во Македонија и на првиот учебник по физика објавен на Универзитетот во Скопје („Одбрани делови од механика”, 1959). Бил шеф (1943–46) на Институтот за физика во Загреб, проректор (1949–51) при формирањето на Универзитетот во Скопје и еден од првите ректори (1953–56), претседател на ДМФМ (1952). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 161; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 171. В. Ур. Иван Катарџиев