КАРАТАШО, Анастас

КАРАТАШО, Анастас (с. Добра, кај Бер, 1764 – Навпакт, 1830) – арматол од Јужна Македонија. Бо-рец против османлиското владеење во Македонија, еден од водачите на Негушкото востание (1822). По неупехот на Востанието заминал за островите Скопелос и Скјатос, каде што им се приклучил на грчките востаници. Учествувал во повеќе битки во кои се истакнал со своите воени способности. За заслугите добил висок чин во грчката востаничка војска. ЛИТ.: Александар Матковски, Отпорот во Македонија, ИВ, Скопје, 1983; Апостолос Вацалопоулос, Хисторѕ оф Мацедониа 1354–1833, Тхессалоники, 1973. Д. Јов.