КАРАДАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

КАРАДАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (Менкова Колиба, близу до Куманово, 12. Ⅹ 1941 – с. Белановце, Кумановско, Ⅹ 1941) Борбениот пат на Карадачкиот народноослободителен партизански одред – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Одредот бил формиран од 15 работници (12 Македонци, двајца Албанци и еден Хрват). За командант на Одредот бил назначен Боро Илиев Менков, а за политички комесар Перо Миланов Георгиевски-Чичо. Одредот пристигнал во една напуштена воденица кај с. Белановце (Кумановско, 13. Ⅹ), каде што биле провалени, опколени од бугарската војска и полиција (утрото на 14. Ⅹ) и еден дел биле убиени, другите заробени и подоцна осудени. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945. Документи, Куманово, 1988.ЛИТ.: Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 171; Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1942. (Материјали од научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978 година), Куманово, 1979. С. Мл. Митко Караделев