КАРАЃУЛЕ, Анѓеле

КАРАЃУЛЕ, Анѓеле (ⅩⅠⅩ в.) – прочуен ќеманеџија, член на една од најстарите охридски чалгиски тајфи. Автор е на многу стари охридски песни, меѓу кои и на познатата „Фанче оди во Калишта”, инспирирана од вистински личности и создадена околу 1860 г. Со својата тајфа бил прочуен и настапувал на главните панаѓури што се одржувале во тоа време: „Св. Петка” во Велгошти, манастирот „Сисвети” во Лешани, Калишта итн. Свирел и во тогаш познатата меана на Коста Беле. Бил еден од основоположниците на чалгиската музика во онаа форма во која ја знаеме и денес, а по примерот на неговата тајфа подоцна се создале многу други, меѓу кои најпознати биле оние на Климе Курте (втората половина од ⅩⅠⅩ в.) и на Климе Садило (преминот и првата половина на ⅩⅩ в.). М. Кол. КАРАИВАНОВА, Станислава