КАРАЃОЗОВ, Панче Александров (Штип, 18. Ⅲ 1903 – Скопје, 28. Ⅰ 1971) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Завршил Мед. ф. во Виена (22. Ⅶ 1929), а хабилитирал на тема за туморите на дојките. Бил на специјализација во Ерланген (Германија) и во Белград. Се усовршувал во повеќе југословенски и европски Клиники. Творец на современата дигестивна хирургија во РМ, со особен продонес во хирургијатата на желудникот (вовел ваготомија). Еден од основачите на Мед. ф. во Скопје – Хируршка клиника, на Македонската хируршка школа и на Трауматолошкиот центар. Бил директор на Хируршката клиника (1965-1967). Заедно со проф. Б. Драгојевиќ и д-р А. Георгиев прв на Балканот применил цефалоспорин (1964). Објавил повеќе од 50 научно-стручни труда. Ал. Ставр. – Сл. М. П. КАРАЃОРЃЕВИЌ, Александар И