КАЛЕНДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

КАЛЕНДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. обредни лирски народни песни, поврзани со одредени празници од годишниот календар. Најбројни се песните што ги придружуваат обредите со зимските и пролетните празнувања. Иако оставаат впечаток и коледарските, и божиќните, и василичарските песни, сепак со својата бројност и мотивска разновидност највпечатливи се водичарските, лазарските и ѓурѓовденските песни. Водичарските и лазарските песни го величаат поединецот и семејството, а ги исполнуваат групи жени. По еден востановен ред, за секој член од семејството се пее посебна песна, зависно од неговата возраст. Ѓурѓовденските песни пак, се пеат при берењето на билките или при лулањето на лулашки и го опеваат разбудувањето на природата по долгиот зимски сон, како и интимните чувства на младите. Велигденските песни на повеќе начини го опеваат воскреснувањето на Исус Христос, а во нив се пее и за разни светители од христијанската вера: свети Никола, свети Илија, света Недела, света Петка и др. И додека едни песни се исполнуваат со скандирање, како што се коледарските, василичарските и сл., други имаат и развиена мелодија и високи естетски вредности од аспект на развиена Водичарски обичај со пеење со звучни тактови со Наоди на тврдината Кале, Стрежево ( Ⅵ в.) тупање со нозете во с. Битуше, Дебарско поетика, како што се споменатите водичарски, лазарски и ѓурѓовденски песни. Во сите нив очигледни се повеќе слоеви на народната култура, контаминацијата на христијанските со постари паган-ски претстави, како и низа елементи од старата словенска митологија. Порано овие песни повеќе биле сврзани со обредот, а помалку се водело сметка за естетската вредност на песната, но со време таа постепено се зголемувала за сметка на самиот обред. ЛИТ.: Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988; Марко Китевски, Македонска народна лирика, (Обредни песни), Скопје, 1997; Блаже Ристовски, Македонскиот фолклор и националната свест, 1, Скопје, 1987. М. Кит. Омер Ахмед Калеши