КАЛДРМА

КАЛДРМА (Заград) – некропола кај Прилеп од која се истражени 35 гроба. Гробовите во најголем број се плитко вкопани овални гробни јами оградени со кршен камен, а поретко со камени плочи. Некрополата е од типот на рамни некрополи со изгорени покојници и богат гробен инвентар што се состои од керамички садови, бронзени фибули и белегзии, алки, неколку златни висулци, железни ножеви и врвови од копја. Некрополата му припаѓа на доцното железно и раното хеленистичко време, а нејзиниот крај го потврдува бронзената монета на Александар Ⅲ, најдена во гроГробиштата од некрополата Калдрма (Заград), Прилепско бот 34. Можно е некрополата да влегувала во поширокиот ареал на подоцнежната населба Керамија (Церамиае), која изворите ја лоцираат на поширокото подрачје на месноста Заград. ЛИТ.: Б. Китаноски, Некрополата Калдрма кај Прилеп, „Мацед. ацта арцхаеол.”, 1, Прилеп, 1975, 89-132. К. Кеп. Калдрма, с. Радожда: остатоци од патот Виа Егнатиа