КАВАСИЛА, Константин (ⅩⅠⅠⅠ в.) – струмички епископ, драчки митрополит, охридски архиепископ (ок. 1250 – по 1262/1263), светител (претставен на неколку фрески). Ги составил грчкото жи-тие на св. Наум, каноните за св. Климент, св. Наум и (два) за Тивериополските маченици. Бил личен пријател со Д. Хоматијан (29 писма до Кавасила). Затворен од Фреска на охридскиот архиепископ К. Кавасила Никејците. Неговиот печат е зачуван во Виенскиот музеј. ЛИТ.: Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Б. Петр. Маќеј Кавка