КАВАЛА

КАВАЛА – град во егејскиот дел на Македонија, Република Грција, со 65.000 ж. (2002 г.). Претставува пристаниште формирано на местото на античкиот град Неаполис. До почетокот на ⅩⅠⅩ в. К. била населена главно со Турци. Во 1898 г. бројот на населението изнесувал 9.500 ж., од кои 5.000 биле Турци. Во време и по Првата светска војна голем број од нив се иселиле во Турција, а наместо нив се населиле 25.700 Грци од Турција и Кавказ, кои го формирале новиот кварт на запад од градот. Во 1928 г. во К. живееле 49.980 ж. От-Кавала тогаш градот не е многу зголемен, но стопански доста е засилен. Денеска има развиена трговија и индустрија, особено за преработка на тутун, и претставува значајно морско пристаниште. Се развила како најзначаен културнообразовен и здравствен центар на овој дел од државата. Во градот има неколку средни училишта, дом на културата, археолошки и етнолошки музеј, во него е куќата на Мухамед Алија, основачот на египетската династија, Тврдината, прочуениот Имарет, црквите „Пресвета Богородица” и „Св. Силиса”, а на исток од градот е кавалскиот аеродром. ЛИТ.: Тодор Симовски, Населени места во Егејска Македонија, кн. Ⅱ, Скопје, 1978. Ал. Ст. Андроник Ⅲ