ИЧКО, Петар (с. Катраница, Кајларско, кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Белград, 15. Ⅴ 1808) – трговец, турски и српски дипломат од македонско потекло, брат на Наум Ичко. Бил турски трговски конзул (базриѓанбаша) во Белград (1792-1796 и 1800-1801), преведувач во турското дипломатско претставништво во Берлин (1797-1799) и преведувач на тамошниот везир Хаџи Мустафа-паша. Во времето на Првото српско востание, српскиот водач Караѓорѓе го користел да ги води дипломатските преговори со Турција (јулисептември 1806), кои резултирале со склучениот Ичков мир (декември 1806). При основањето на Белградскиот магистрат (1807) бил назначен за негов претседател. Кон крајот на животот, незадоволен од прекратените односи со Портата, преминал во австриска служба. ЛИТ.: Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том Ⅳ, „Мисла”, Скопје, 1983, 759; Стојан НоваковиÊ, Ичков мир, „Глас САН”, ЛЏВИ, Београд, 1903; В. ПоповиÊ, Ичко конзул самозванац, „Политика”, 6-9. Ⅰ 1938. С. Мл.