ИСАЈА, Јон

ИСАЈА, Јон (Тетово, 5. Ⅰ 1915 – Скопје, 13. Ⅻ 1993) – актер. Завршил Театарска академија во Букурешт, Романија (1942). Станува член на Драмата на МНТ (1951-1964). Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и ТВ. Го негуваше сценскиот говор и се залагаше за строго психолошко обликување на ликовите. Улоги: д-р Ранк (Нора); Ван Дан (Дневникот на Ана Франк); Дон Фединанд (Сид); Ромул Велики во истоимената пиеса; Аџи Трајко (Бегалка); Ѓуриќ (Покојник); Ѓаволот (Адам и Ева и Јов); Антон Туџаров (Свадба) и др. Р. Ст. Мурат Исаку