ИНСТАЛАЦИЈА

ИНСТАЛАЦИЈА -. облик на просторно ликовно изразување преку слики, скулптури, објекти, готови предмети, видео. Како појава се актуализира во 60-тите, а кај нас во 70-тите години со привремените инсталации на С. Узуновски. Г. Стефанов и П. Николоски во 80-тите години ја решаваат илустрацијата со скулптурални форми, во 90-тите години се јавуваат покомплексни илустрации со наративни означености (В. Блажеска – Б. Грабулоски, Ж. Вангели, И. Тошевски, И. Рамичевиќ, И. Димитрова, Б. Маневски, Ј.шумковски, Б. Ибрахим, М. Арсовска). ЛИТ.: Небојша Вилиќ, Инсталација: Предизвик или нужност?, „Големото стакло”, 2, Скопје, 1995. М. Б.-П.