ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ . (с. Црвена вода, Дебарца, XI 1943 – 2 Ⅷ 1944) – формиран од военото и политичкото раководство на НОВ на Македонија. Точниот датум на формирањето не е утврден, но е познато дека тоа се случило во првата половина на ноември 1943 г.; функционирал на слободната територија во с. Црвена Вода (Дебарца), Охридско, сместен на падините на планината Караорман, каде што во тие денови престојувале Главниот штаб на НОВ И ПОМ и Централниот комитет на КПМ. Неговото формирање било иницирано на Преспанскиот состанок на ЦК на КПМ, одржан на 2 август 1943 г. во Отешево (Преспа), кога било решено да започнат подготовките за свикување Антифашистичко собрание. При формирањето во ИО влегле: Методија Андонов-Ченто, претседател, Страхил Гигов, секретар, Михаило Апостолски (член по функцијата командант на Гш на НОВ и ПОМ), Цветко Узуновски, Борко Темелковски и Венко Марковски, членови. На 30 април 1944 г., поради зголемувањето на неговите ингеренции, бил проширен уште со 16 нови члено-ИО, како највисок (привремен) орган на државната власт, и Гш како највисок орган на воената организација, често заедно заседавале и решавале за прашања што биле од заеднички интерес за ослободителната борба. ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски, Народната власт во Македонија во НОВ и револуцијата 1941-1944, Скопје, 1983; Д-р Миле Тодоровски, Иницијативниот одбор на АСНОМ во подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ, зб.: Развитокот на државноста на македонскиот народ, Скопје, 1966. Н. В.