ИНДОЕВРОПСКИ ЈАЗИЦИ

ИНДОЕВРОПСКИ ЈАЗИЦИ -. една од најголемите јазични фамилии со најголем број луѓе што ги зборуваат, речиси во цела Европа, во југозападна и јужна Азија, како и во областите населени од Европејци (Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија, Нов Зеланд и др.). Индоевропските јазици покажуваат сродност во фонетиката, во морфологијата и во лексиката, а се претпоставува дека потекнуваат од еден непотврден јазик што ја опфаќал територијата северно од Црното Море. На овој јазик се зборувало повеќе од 5.000 години, а некаде до 3.000 г. пр. н.е. тој се поделил на голем број дијалекти. Индоевропските јазици се делат на 10 гранки (некои се веќе изумрени): балтословенска, германска, романска, грчка, албанска, ерменска, келтска, индоиранска, анадолска и тохарска. Балтословенската гранка се дели на балтички и на словен-ски јазици, а словенските се делат на источна, западна и јужна група. Македонскиот јазик спаѓа во јужната група, каде што се вбројуваат и старословенскиот (изумрен јазик), бугарскиот, српскиот, црногорскиот, босанскиот, хрватскиот и словенечкиот јазик. Интересот за проучувањето на индоевропските јазици кај научниците (Вилијам Џонс, Размус Раск и др.) бил голем. Тие ја увиделе врската меѓу грчкиот, латинскиот, германскиот и келтскиот јазик и сметале дека овие јазици потекнуваат од еден заеднички индоевропски јазик, а со востановениот систем на гласовно претставување направиле реконструкција на протоиндоевропскиот јазик. ЛИТ.: Ј. П. Маллорѕ, Ин Сеарцх оф тхе Индо-Еуропеанс. Тхамес анд Худсон, 1989; Б. Цхакрабарти, А цомпаративе студѕ оф Сантали анд Бенгали, Цалцутта, 1994; Р. Ласс, Хисторицал лингуистицс анд лангуаге цханге, Цамбридге, 1997. Г. Цв.