ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА

ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА – збир на специфични фактори што влијаат врз поттиците на економските субјекти за инвестирање, за воспоставување нови фирми и за ширење и развој на бизнисите. Клучни елементи на бизнис-климата се: стабилноста на политиките, заштитата на сопственичките права, владината регулација, административно-бирократските пречки и корупцијата, оданочувањето, пристапот на бизнисите до средствата за финансирање на растот, квалитетот и капацитетот на дејствувањето на институциите и сл., гледани во нивната меѓузависност, а не како одделни и изолирани фактори. Сите спомнати фактори влијаат врз големината на трошоците и врз ризиците за инвестирање. Република Македонијавлегува во ре-дот на земјите во транзиција со неповолна инвестициона клима. Во извештаите на компетентни меѓународни институции при оцената на одделните сегменти на инвестиционата клима и бизнис-опкружувањето, Република Македонијадобива неповолни оценки за квалитетот и ефикасноста на институциите (посебно на судскиот систем и заштитата на сопственичките права), за распространетоста на корупцијата, за реформите во инфраструктурата, за јавната администрација и за пристапот на бизнисите до средствата за финансирање. Креирањето на поволна инвестициона клима е една од клучните структурни реформи во тек во РМ. Покрај стабилната макроекономска рамка (ниска инфлација, ниски буџетски дефицити и стабилен девизен курс), во меѓувреме Република Македонијаго воведе едношалтерскиот систем и ги скрати процедурите за формирање бизниси, а со воведувањето на рамниот данок го намали и даночното оптоварување на бизнисите. Глобално гледано, Светскиот економски форум, според карактерот на инвестиционата клима и националното бизнис-опкружување, помеѓу 102 земји, Република Македонијаја рангира на 83 место. ИЗВ.: Њорлд Ецономиц Форум, Тхе Глобал Цомпетитивенесс Репорт 2003–2004, Оџфорд Университѕ Пресс, 2004. ЛИТ.: Њорлд Банк, Њорлд Девелопмент репорт 2005: А Беттер Инвестмент Цлимате фор Еверѕоне, Нењ Ѕорк, 2005; Т. Фити, Подобрувањето на инвестиционата клима во Република Македонија во функција на забрзан раст, „Годишник на Економскиот факултет од Скопје”, Скопје, 2006. Т. Ф.