ИЛИНДЕН

ИЛИНДЕН – село во Скопско. Се наоѓа источно од Скопје, во Скопско Поле, на надморска висина од 230 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 4.931 ж., од нив 4.285 ж. се Македонци, 340 се од албанското малцинство и 176 се од српското малцинство. Седиште на општина што зафаќа површина од 9.702 ха, со 12 населени места во кои живеат 15.894 ж. Има осумгодишно училиште, здравствена станица и неколку индустриски капацитети. Ал. Ст.