ИЛИН, Душица (Тетово, 12. Ⅲ 1944) – новинар и поет. Се школувала во Битола и во Скопје и матурирала во гимназијата во Тетово (1982). Член е на ДПМ (1972). Преведувана е на англиски, полски, турски, романски и на други јазици. Живее и работи во Бел-град како дописник на македонските електронски и пишани медиуми од Србија. БИБ.: Фреска во срцето, Скопје, 1971; Сизифина, Скопје, 1976; Ветар у кафезу, Београд, 1982; „Златни венац” – Антологија Струшких вечери поезије, Београд, 1982, второ дополнето издание, Нови Сад, 1986 и Скопје, 1986 и трето дополнето издание, Београд, 1991; Толкување на стравот, Скопје, 1989; Тумачење страха, Београд, 1990; Спорен лет, Скопје, 2002; Пек, Скопје, 2006; Нойни пек, Београд, 2006; Бела линија, Скопје, 2006; Седам прекора о хладнойи, Београд, 2006. ЛИТ.: Акад. Војислав Максимовий, Симбиоза давног и садашњег, Душица Илин, Седам прекора о хладнойи, Београд, 2006, 99&108. С. Мл.