ИКОНОМОВ-ОРФО, Димитар Иванов (с. Ловча, Драмско, 17. Ⅰ 1873 – Неврокоп, 5. Ⅷ 1922) – учител и неврокопски реонски војвода на ТМОРО. Ја завршил прогимназијата во Неврокоп, а потоа го оформил учителското образование во Серското и Скопското педагошко училиште, каде што станал член на ТМОРО. Како учител во Пиринско, бил близок соработник на Јане Сандански. Долго време бил реонски војвода на ТМОРО и учествувал во грабнувањето на мис Елен Стон (21. Ⅷ 1901). Зел учество во Димитар Иванов Икономов-Орфо Младотурската револуција (1908). Бил член на Народната федеративна партија (1909). Зел учество и во Првата балканска војна (1912) во борбите во Пиринско. Како кмет на Неврокоп, поради неговата соработка со Александар Стамболиски и со БКП(тс), бил ликвидиран од автономистичката ВМРО на Тодор Александров. С. Мл.