ИВАНОВСКИ, Владо

ИВАНОВСКИ, Владо (Охрид, 9. Ⅷ 1931) – историчар, научен советник и директор во ИНИ, истражувач на НОАБ, во пензија. Дипломирал (1956) и докторирал (1965) на Филозофскиот факултет (Група за историја) во Скопје на темата „Народноослободителната војна во Западна Македонија 1941-1944 г.” Првин бил кустос во Народниот музеј во Охрид (1957-1960), потоа се вработил како асистент во ИНИ (јануари 1961), каде што ги здобил сите научни звања, а подолго време бил и директор (15. Ⅳ 1987-5. Ⅻ 1995). Истражувал во повеќе европски архиви (Белград, Загреб, Љубља-Владо Ивановски на, Москва, Потсдам, Сараево и Тирана), учествувал на десетици национални и меѓународни научни собири и бил член на редакцијата на сп. „Гласник” и „Историја”. Бил претседател на СДИРМ и член на Претседателството на СДИЈ. БИБ.: Од Дебарца до Рогошка Слатина, Борбениот пат на Првата македонскокосовска и Првата македонска НОУ бригада, Скопје, 1964; Прилог кон библиографијата за историјата на Македонија меѓу двете светски војни, Избор од напредниот печат, ГИНИ, Ⅹ, 2–3, Скопје, 1966; Извори за Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија 1941-1945, том И, кн. 1–5, ИНИ, Скопје, 1968, 1970 и 1976 (со коредактори); Ослободителната војна во Западна Македонија 1941–1944, ИНИ, Скопје, 1973; Гостивар и Гостиварско во Ослободителната војна и Револуцијата од 1941-1945, Гостивар, 1974 (со коавтори); Триесет години од победата над фашизмот, Скопје, 1975; Хронологија за одбележување на настаните од народноослободителната војна во Западна Македонија 1941-1944, Скопје, 1976; Активноста на СКОЈ и Народната младина за време на Народноослободителната војна 1941–1945, Скопје, 1980; Настанувањето и активноста на народната власт во Македонија 1941–1945, Скопје, 1980; Крушево, Скопје, 1977 (со коавтори); Белчишта, Охрид, 1983 (со коавтори); Првата влада на Македонија, Скопје, 1985 (со коавтори); Преспанскиот состанок на централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, Скопје, 1983; 11 Октомври, Скопје, 1987; Априлскиот состанок на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп, Прилеп, 1988; Президиум на АСНОМ. Записници, фототипно издание, Скопје, 1994 (со коредактор); Хронологија на настаните во Преспа 1912-1945, Скопје, 1995 (со коавтори); Македонија во борбата против фашизмот, Скопје, 1995; Јануарските настани на Скопското Кале – 1945, Зборник на документи, Скопје, 1997 (со коавтори); Македонските манифести, ИНИ, Скопје, 2006. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 77–82. С. Мл.